(ВИДЕО+ФОТО) Луис Хамилтон после работа го вози најбараниот автомобил на светот

КОГА работите за Мерцедес, службениот автомобил не може да биде лош.
А кога сте Луис Хамилтон, имате чест да ги возите најдобрите автомобили во светот. Откако неодамна ја тестираше новата С-класа, седумкратниот светски шампион во своето слободно време вози едно од најбрзите автомобили на денешницата. А такво е навистина тешко да се најде во конкуренција на Лаферари, Пагани и Мекларен П1, болиди со кои тој веќе се дружел.


Решението било понудено од самиот Мерцедес давајќи му на Луис на користење Mercedes-AMG One. 35-годишниот Британец уште еднаш доби една од главните улоги во промотивното видео за електрифицирани модели на AMG, наречено E Performance. Слободното време го поминува во многу интересно друштво во еден од ретките што може да парира на Ф1 болидите. Да потсетиме, моќниот хиперспорт со илјада коњски сили е исто така најмоќниот автомобил што некогаш носел амблем на трикраката ѕвезда.
А, покрај AMG One е и Ф1 болид, што не е претерување. Имено, хибридниот 1.6 V6 доаѓа од Mercedes F1 W06 Hybrid. Врти до 11.000 вртежи во минута, а со помош на четири електромотори забрзува до 350 км на час.


Што се однесува до електрифицираните AMG, првиот што треба да се појави на патиштата треба да биде AMG GT 73e Four-Door Coupe, чиј двоен-турбо 4.0 V8 со помош на електричен мотор дава околу 800 КС. Следни треба да бидат S63e и S73e, каде вториот со 800 КС треба да ги замени S65 AMG напојувани со мотор V12.


Фото: Mercedes

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком воведува тарифи со неограничен интернет за прв пат на пазарот

Македонски Телеком воведува тарифи со неограничен интернет како одговор на сè поголемата потреба од онлајн …