Федерер го најавува крајот на кариерата:„Се надевам дека останало…“

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не е сигурен дали ќе може да се опорави за претстојниот Австралија опен, кој започнува во февруари.
Швајцарецот паузираше скоро една година поради повреди на коленото и операции, а се веруваше дека ќе се врати токму за турнирот во Мелбурн.
Федерер вели дека сега се натпреварува со времето, меѓу другото и затоа што е на крајот на кариерата на 39 години.

„Тоа е трка со времето. Секако, би ми помогнало ако имам малку повеќе време и би било напнато. Се надевав дека ќе бидам сто проценти подготвен во октомври. Но, јас денес не сум на вистинското ниво. Ќе бидам многу близу до Австралија опен“, изјави Федерер за швајцарските медиуми.
Тој дополнително ги подгреал сомнежите дали воопшто ќе се врати на теренот, иако неговото враќање се чинеше сигурно.
„Се надевам дека има нешто што ќе видиме од мене во новата година“, рекол Федерер. Само неколку дена претходно, Роџер ја „реобјавил“ објавувата на АТП и напишал дека е возбуден од сè што следи.


Сепак, тој не е незадоволен од постигнатото досега, по втората операција во јуни.
„Мојата втора операција беше голем чекор назад, но претходните месеци поминаа во постепено подобрување. Не брзаме, но следните два-три месеци ќе бидат клучни“, вели Федерер.
Федерер последен пат играше во февруари оваа година. Неодамна, Рафаел Надал го изедначи рекордот по број на Грен слемови на 20, додека Новак Ѓоковиќ има шанса да го престигне по бројот на недели на врвот на АТП-листата (310), доколку остане таму до март.


Роџер неколкупати ги посочуваше Олимписките игри во Токио како своја главна цел за следната година, бидејќи тоа е трофеј што му недостасува во големата витрина преполна со пехари и признанија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Реал подготвил замена за Зидан, кој е психички скршен!

Судбината на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е една од работите што ја интригираат јавноста …