(ВИДЕО) БИДЕЈЌИ МОРАМЕ ДА ВЕРУВАМЕ – Погледнете ја божиќната реклама која расплакала милиони:„Фала ви за прекрасното видео кое враќа верба и надеж!“

Оваа божиќна реклама многумина ја нарекле една од најдобрите реклами во годината, откако собрала десетици милиони прегледи и безброј реакции откако беше објавена пред две недели.
Триминутно рекламирање следи дедо кој, изолиран поради пандемијата на коронавирус, започнува да вежба самостојно и ја враќа својата кондиција и сила. Постариот човек се бори и стенка, но тој е мотивиран од врамена фотографија, која публиката не може да ја види во првите моменти.
Моментот во кој се открило зошто тој напорно тренирал цела година ги скршило срцата на многумина и предизвикувало најдлабоки емоции.
Рекламата на германската фармацевтска компанија Док Морис стана вирална, а многумина признале дека пуштиле солза гледајќи ја.
„Честитки за прекрасно видео. Никогаш не е доцна да започнете да се грижите за себе за да можете да се грижите за она што е навистина важно. Многу важна порака!”, „Да, плачев”, се само некои од многуте реакции на ова емотивно видео.
Со оглед на тоа колку беше тешка оваа 2020 година за сите и колкав стрес, страв, тага и болка им донесе на милиони ширум светот, неверојатно е да се види како три минути од една реклама може да фрли светло на значајното, топло срце и да нè допре на најубавиот и најхуманиот можен начин. Се чини дека на сите ни треба токму тоа во овие празнични и пандемиски денови – да се потсетиме дека животот е убав, да имаме за што да се бориме и да ги надминеме сите неволји – и дека сè ќе биде добро.
Погледнете го видеото кое истовремено ќе ве омекне и охрабри:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …