Сега се знае зошто некои луѓе имаат потежок облик на корона

Една од најголемите мистерии на пандемијата на коронавирусот е зошто некои луѓе кои се заразуваат немаат никакви симптоми, додека други сериозно се разболуваат.
Студија спроведена врз повеќе од 2.200 пациенти во единиците за интензивна нега покажала дека некои гени може да го кријат одговорот на тоа прашање.
Поради одредени гени, некои луѓе се поподложни на потешките симптоми на ковид-19.
Ова откритие дава нов увид во тоа каде имунолошкиот систем прави грешка во борбата против вирусот, што може да помогне при новите терапии.
„Ќе бидат потребни нови терапии и покрај развојот на вакцини“, вели д-р Кенет Бејли, медицински консултант во Кралската амбуланта во Единбург и водач на проектот Геномикс.
„Вакцините драстично ќе го намалат бројот на случаи на ковид, но веројатно лекарите ќе ја третираат оваа болест на единиците за интензивна нега ширум светот во наредните години, така што постои голема потреба за нови терапии“, вели Бејли


Научниците разгледале ДНК на повеќе од 200 пациенти во единиците за интензивна нега во британските болници.
Тие ги скенирале гените на секој од пациентите – оние кои содржат упатства за секој биолошки процес, вклучително и како да се бориме против вирусот.
Геномите потоа беа споредувани со ДНК на здрави луѓе за да се откријат разликите. Пронајдени се неколку – прв е генот наречен TYK2.
„Тоа е дел од системот што ги прави имуните клетки потопли, што ги прави повеќе воспалени“, објаснува Бејли. Меѓутоа, ако генот не е исправен, тој може да предизвика прекумерна реакција на имуните клетки, што доведува до сериозна пневмонија.
Постои низа антиинфламаторни лекови кои го насочуваат овој биолошки механизам, како што е „Барицитиниб“.
„Затоа овој лек е можен кандидат за нова терапија“, вели Бејли, но додава дека мора да се спроведе големо клиничко испитување за да се знае дали е тоа вистина.



Разлики се пронајдени и во генот DPP9, кој исто така игра улога во воспалението, како и во генот OAS, кој спречува репродукција на вирусот. Варијации на генот IFNAR2 се забележани и кај пациенти на интензивна нега.
IFNAR2 се врзува за антивирусна молекула која се вика интерферон и помага во активирање на имунолошкиот систем веднаш штом се забележи инфекција.
Научниците веруваат дека премалку интерферон во организмот му ја дава првичната предност на вирусот, поради што се шири побрзо и доведува до потешка форма на болеста.
Интерферон може да се даде како дел од терапијата, но клиничкото испитување на Светската здравствена организација утврди дека не им помага на сериозно болните пациенти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …