Пол позиција во Абу Даби за Макс Ферстапен

Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на ГП на Абу Даби пред Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Ова е трета пол позиција на возачот на Ред Бул во неговата кариера.
Ферстапен беше прв пред Валтери Ботас и Луис Хамилтон и така тој успеа да го совлада Мерцедес за прв пат на патеката каде германскиот тим е традиционално најдобар. Зад двата Мерцедес беше одличниот Ландо Норис, само петти беше тимскиот колега на Макс, Алекс Албон, додека Карлос Саинц беше шести. На крајот, најбрзиот круг на Макс беше 1: 35.246 и беше подобар само 25 илјадитинки од оној на Валтери Ботас. Хамилтон исто така заостануваше една десетинка од Ферстапен.

Седмото место го зазеде Данил Квјат, осмото Ленс Строл, деветтото Чарлс Леклерк, додека на десетто беше Пјер Гасли. Монегашанинот, поради инцидентот на Големата награда на Сахир, има казна па ќе биде преместен за три места назад.
Во Q3, Валтери Ботас го држеше првото место пред клучните рунди. Во одлучувачките моменти, Луис Хамилтон постави најдобро време, така што Валтери Ботас го зазеде првото место по феноменалниот трет сектор. Сепак, на патеката се уште беше Макс Ферстапен, кој со најбрзиот круг ги победи и’ Ботас и Хамилтон и со тоа сензационално му зададе удар на Мерцедес.

Во Q2 останаа Даниел Рикардо и Естебан Окон, како и Себастијан Фетел и Серхио Перез. Мексиканецот инаку ќе започне од последното место затоа што смени голем број делови во неговиот болид од Рејсинг Поинт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …