(ВИДЕО) Се појавила снимка од Марадона од само НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД СМРТТА: Она што го правел е ШОКАНТНО!

Познатиот аргентински фудбалер Марадона почина на 25. ноември, а сега по интернет кружи видео за кое аргентинските медиуми тврдат дека е направено само неколку дена пред неговата смрт.
Може да се види како Марадона е опкружен со алкохол и цигари. На масата каде што седи славниот фудбалер има половина чаша пиво, како и шишенце со апчиња.
Еден од луѓето од неговата околина од ова видео бил идентификуван како Маријано Кастро, лекар и човек кој беше крајно близок со Марадона. Тој беше неговиот доверлив човек за време на престојот на „Ел Пибе“ во Куба.
Аргентинските медиуми пишуваат дека видеото покажува уште еден голем проблем што го имал Марадона пред смртта, а тоа е борбата против зависноста од алкохол и таблети.
Личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке и поранешната девојка Росио Олива признале дека овие работи биле голем проблем за време на животот на славниот Марадона.

Фото: Скриншот

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Одличниот Ферстапен го победи Хамилтон со оружјето на Мерцедес!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Франција, седмата …