(ВИДЕО) И’ во Абу Даби проблеми за возачите: Се запали болидот на Кими Раиконен

Познатиот и искусен возач успешно го довезе болидот на сигурно место и го гасеше пожарот…
Десетина дена по страшните глетки од Ф-1 патеките и запалениот болид на Грожан, денешниот тренинг на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби донесе нов инцидент, откако се запали моторот на Кими Раиконен.
За среќа, ситуацијата не беше толку сериозна како со Грожан, финскиот ас возеше петнаесетина секунди со пламен од моторот пред да го паркира болидот и пожарот да биде изгаснат.
Последната трка од Ф-1 шампионатот се вози в недела во 14.10 часот.Денешните квалификации сево истиот термин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Многу причини за радост – ДВА гола, ДВА милиони денари од МOZZART!

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но …