Џорџ Клуни итно хоспитализиран поради воспаление на панкреасот

Светски познатиот актер Џорџ Клуни, само четири дена пред да требаше да започне со работа на новиот филм „The Midnight Sky“ (Небото на полноќ), беше итно хоспитализиран со силна болка во стомакот, пишува „Мирор“.
Имено, на актерот му бил дијагностициран панкреатит, односно воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот.
Клуни изгубил скоро 13. килограми поради претстојната улога во филмот и верува дека диетата придонела за неговата болест.
„Мислам дека премногу се трудев брзо да ослабам и веројатно не се грижев добро за себе“, рекол Клуни.
Покрај слабеењето за улогата, тој морал да престане да ја бричи брадата.
„Ја пуштив мојата голема, грда брада. Мојот син ја сакаше затоа што криеше во неа работи за кои не би знаел додека не одев на работа. Мојата сопруга и сестра ми беа многу среќни кога ја избричив“, рекол актерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …