(ВИДЕО) Исцедила мозолче и преживеала хорор: Останала без вид, а лекарите не знаат зошто!

Мери Ен Регако (17) од Филипините со недели е во посета на болници за да ја открие причината за драматичниот оток на лицето откако го стиснала мозолчето.
Оваа тинејџерка, инаку мајка на едногодишно момче, забележала поткожно мозолче на коренот на носот непосредно по породувањето и најпрво се обидела да го излечи со креми, но ништо не успеало.
„Мислев дека тоа е само мозолче, дека моите хормони дивеат, но толку ме болеше што не можев да спијам навечер. Пробав сè за да ја излекувам, но ништо не успеа“, изјави Мери Ен за медиумите.
Потоа се обиде да ја исцеди и се чинело дека има нерешлив проблем.
Откако го притиснала мозолчето, болката малку се намалила, но следниот ден отокот почна да се шири на лицето. Прво и отекло челото, а потоа отокот почнал да се спушта по носот и образите. Таа толку многу сае изобличила што десното око е целосно затворено од отокот и едвај може да гледа со левото око.
Нејзиниот сопруг Алберт е очаен, бидејќи тој веќе нема пари да плаќа за болнички прегледи, а лекарите не се ни близу до откривање на мистериозната болест што ја нападнала неговата сопруга.
„Работам како земјоделец и заработувам пари за да го хранам детето и нас двајца. Немаме пари за лекување. Започнавме хуманитарна акција, се надевам дека добрите луѓе ќе ни помогнат“, рекол Алберт.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …