ШВЕЃАНИТЕ НА КОЛЕНА: „Оваа година Божик нема да биде како порано“

Шведска, земја која е во центарот на вниманието со контроверзните одлуки во врска со коронавирусот, е „на колена“.
Имено, бројот на новоинфицирани со коронавирус по глава на жител во таа земја сега е повеќе од двојно поголем од Велика Британија, Германија и Шпанија.
Шведска стана позната по тоа што инсистираше на имунитет на стадото од почетокот на пандемијата, поради што долго време не преземаше никакви чекори во борбата против коронавирусот.

 

Сега, сепак, таа има двојно поголема стапка на смртност од нејзините нордиски соседи. Некои делови на Шведска имаат стапки на инфекции како најголеми жаришта во Европа, со вкупно пријавени 297.732 случаи.
Исто така, минатиот месец забележа повеќе од 1.000 нови смртни случаи, вкупно повеќе од 7.200. За споредба, Норвешка, која ја започна националната блокада на 12. март, од почетокот на епидемијата има само 359 смртни случаи од ковид-19.
Шведската влада на крајот мораше да воведе мерки што беа незамисливи пролетта – собирите беа ограничени на осум лица, продажбата на алкохол беше забранета по 22. часот, а средношколците беа испратени на часови преку Интернет. Исто така, има сè повеќе критики кон водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел, архитект на „мекиот“ пристап кон здравствената криза, кој неодамна изјави дека сè уште смета дека носењето маски не е потребно.


Шведска достигна повисока стапка на инфекција по глава на жител од која било друга голема западноевропска земја. Стапката на 346 случаи на 100.000 жители евидентирана минатата недела е двојно поголема отколку во Велика Британија (151), Шпанија (121) и Германија (155).
Минатата недела, Шведска забележа рекордни 35.783 нови случаи. Бројот на смртни случаи е поголем отколку во Норвешка, Данска и Финска заедно, пренесува „Сан“.

„Оваа година Божик нема да биде како порано“
Премиерот Стефан Левен минатата недела објави дека средните училишта ќе бидат затворени до 6. јануари. Тој зборувал за „нова нормалност“ за општеството во кое луѓето „не одат во теретани, не одат во библиотеки, не организираат вечери“, а минатиот месец ги обвини граѓаните за катастрофалните бројки, велејќи дека оваа есен „премногу од нив ги занемариле советите и препораките“.
„Новата нормалност“, како што стојат работите, ќе важи и за празниците. Во вторникот, Левен им порачал на Швеѓаните дека за време на Божиќните и новогодишните празници, јавните собири во целата земја ќе бидат ограничени на најмногу осум лица, што треба да важи и за домашни собири.
„Оваа година Божиќ нема да биде како порано“, посочил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …