Проблеми со вакцината на Фајзер: Започнале алергиски реакции

Откако во вторникот започна вакцинацијата со експерименталната вакцина Pfizer Bayontek против ковид 19 во Велика Британија, се појавија и првите два случаи со несакани ефекти. Станува збор за силни алергиски реакции на вакцината.
Британската агенција за регулирање на лекови и здравје (МХРА) издала предупредување за граѓаните кои имаат историја на тешки алергиски реакции да не ја примаат вакцината на Фајзер до ново известување.
Имено, двајца британски здравствени работници развиле алергиски реакции откако ја примиле вакцината во вторникот, пренесува Evening Standard.
Како што е вообичаено со новите вакцини, МХРА препорача, како мерка на претпазливост, луѓето кои имаат значителна историја на алергиски реакции да не ја земаат вакцината. Двајцата пациенти се опоравуваат добро, рекол професорот Стивен Пауис од британскиот NHS.
Велика Британија започна процес на масовна вакцинација во вторникот, а првите дози се наменети првенствено за здравствени работници, групи со висок ризик и лица постари од 80. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …