Навики поради кои Скандинавците се здрави и во топ форма

Последниве години многу се зборуваше за скандинавскиот начин на живот. Која е тајната на Скандинавците?

Скијање наместо теретана
Иако повеќето Норвежани живеат во градовите, уживањето во природата е сè уште високо на списокот со приоритети за голем број граѓани. Тие веруваат дека времето поминато во природа е исклучително важно, за што дури имаат и посебен збор – friluftsliv. Исто така е важно физичката активност за нив да не значи само согорување на калории, туку да бараат задоволство во она што го прават.
Затоа, на пример, добар дел од Норвежаните наместо во теретана избираат скијање, лизгање, шетање во шума, пливање во езеро …

Путерот подраг од маслото
Скандинавците многу повеќе веруваат на путерот отколку на маслото, па додаваат мало парче путер на разни видови храна – супа, месо, зеленчук … Затоа, храната станува похранлива, а во исто време Скандинавците веруваат дека со значителен внес на млечни масти се борат против дебелината.

„Нема лошо време, само несоодветна облека“
Норвежаните буквално се држат до тие слогани, па не треба да изненадува што луѓето во Норвешка среде зима, на дожд и снег, рекреативно возат велосипед. Ниските температури го забрзуваат метаболизмот, го подобруваат квалитетот на спиењето и го регулираат апетитот.

Слатки за деца – само во сабота
Во шведските градинки, не се користи шеќер при подготвување оброци. Покрај тоа, децата воопшто не јадат слатки пред нивната втора или трета година. Па дури и’ кога ќе пораснат, обично им е дозволено да јадат слатки само во сабота или на празници.

Сауна
По долги прошетки на студ, најмногу сакате да се загреете. Скандинавците обожаваат сауни, ги користат исклучително често, и ако некој ве покани во сауна, тоа е знак дека имаат почит кон вас. Исто така, мажите и жените сакаат да посетуваат сауни, па можеби тоа е тајната на здравјето, но исто така и – добар тен.

Исхрана
Повеќето Скандинавци претпочитаат да јадат дома, а поради урамнотежена исхрана и активен животен стил, тие изгледаат добро и се здрави. Црвеното месо е многу ретко на менито, но се јаде многу риба, особено сина.

Времето за кафе е многу важно
Швеѓаните го користат зборот „фика“, што може да се преведе како „време за кафе или торта“, но тоа всушност значи многу повеќе од тоа. Тоа е време кога не ја работите својата работа и уживате во времето со пријателите. Фика не е само пауза за кафе, туку и начин да се забавите и да се размислува за работите. И додека во други земји многумина земаат кафе за да го однесат и го пијат од нозе, во Шведска таа пауза не се доведува во прашање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Витаминот Б12 се смета за главно оружје против тешки болести: Еве во која храна го има најмногу и што се лекува!

Витаминот Б12 или кобаламин е неопходна и многу важна компонента за здравјето на луѓето, тој …