(ВИДЕО) 91. годишник станал хит поради неговата изјава после вакцинирањето против Ковид

Пензионер стар 91. година од Велика Британија станал хит откако доцнел на вакцинација против ковид-19.
Мартин Кенион дал интервју за Си-Ен-Ен и многумина насмеал откривајќи дека доцни затоа што „никаде не можел да најде прокле паркинг“. Тој открил и како ја примил вакцината и призна дека не бил многу задоволен од ручекот.

„Се јавив во болницата и прашав што прават, тоа вакцинирање. Ми поставуваа разни прашања после тоа, не беше многу интересно, одговорив, а потоа ми рекоа да дојдам во 12:30 часот. Секако дека не можев да најдам проклет паркинг, па доцнев. Сега сум уште тука, бев внатре и тие ме ставија на списокот“, објаснил тој.
“Отидов и имав прилично лош ручек, а потоа се вратив и тие беа подготвени за мене. И не, воопшто не ме повредија – дури и не знаев дека иглата влезе додека не излезе. Беше многу интересно. Беше безболно”, додалтој.
„Немам намера да го добијам проклетиот вирус затоа што имам внуци и имам намера да живеам долго за да можам да учествувам во нивните животи. Нема смисла да умирам сега кога живеев толку долго”, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 15.06.2021: Подобро е да се справите со сопствените дилеми, отколку да се мешате во туѓите планови. Останете настрана, се знае чие место каде е…

Овен Љубов: Вашето незадоволство е минлива фаза. Ситните префрлувања и „емотивните убоди“ само го влошуваат …