(ВИДЕО) Има ли причини за паника: Што се крие зад новата болест во Индија?

Лекарите во Индија откриле траги од олово и никел во примероците од крв земени од пациенти хоспитализирани во Андра Прадеш, индиска држава каде стотици луѓе се разболеле од мистериозно заболување.
Повеќе од 500. лица се хоспитализирани поради неидентификувана болест во југоисточна Индија.
Пациентите пријавиле низа симптоми, вклучувајќи напади, губење на свеста и гадење. Кабинетот на главниот министер за здравство објави дека прелиминарните резултати од истрагата спроведена од тимот на Индискиот институт за медицински науки (AIIMS) се честички олово и никел во примероците на крвта на пациентот.
Индискиот институт за хемиска технологија (IICT) исто така спроведува тестови и чека резултати.

Тимот АИИМС во Делхи тестирал 10. примероци на крв и откри траги од олово и никел, според Катамнени Баскар, комесар за здравство и заштита на семејството од владата на Андра Прадеш.
Уште дваесет примероци се испраќаат од Андра Прадеш во Делхи, а исто така се тестираат примероци од млеко. Во примероците на вода тестирани од АИИМС во Делхи немало траги од олово и никел, изјавил Баскар за Си-Ен-Ен.
Од 505. лица кои биле хоспитализирани, 300 лица биле отпуштени, а едно лице починало.
Болеста се појави во време кога Индија се бори со растот на инфицирани со ковид – 19, моментално втора во светот по бројот на случаи. Андра Прадеш е една од најтешко погодените земји во Индија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …