(ФОТО) Момче креирало матурски фустан за сестра му бидејќи родителите немале пари да и го купат – Трудот се исплател

Родителите не можеа да си дозволат матурски фустан за нивната ќерка. Тие дури немале пари ниту да и изнајмат фустан за овој настан. Сепак, гледајќи ја неговата тажна сестра Маверик Франциско Оја, решил да и направи фустан на својата сестра од материјалот што успеа да го купи.

Сè започнало кога училиштето ја најавило матурата и многу родители не можеле да изнајмуваат или купуваат фустани за своите ќерки. Но, сестрата на Маварик имала среќа: нејзиниот брат и направил фустан.

Маверик сам го дизајнирал фустанот, побарал достапни материјали и со помош на видеа на „Јутјуб“, но и инспириран од пролетната колекција на Мајкл Чинк, создал чиста магија.
„Не знаев од каде да започнам. Прво направив здолниште со сечење на материјалот на девет дела. Бидејќи немаше место во куќата, го собрав здолништето надвор. Потоа направив омбре корсет, а потоа и пеперутка ракави од што го прават фустанот посебен.

Работев секој ден, откако ќе се вратив од училиште. Понекогаш мислев дека нема да можам да завршам сè на време, но се’ се исплати на крајот“, вели овој неверојатен млад човек.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе …