Федерер:„Можеби ова што ќе го кажам ќе звучи себично!“

Роџер Федерер и Кеи Нишикори имале незадолжителенразговор преку Интернет.
Двајцата разговарале на разни теми, а Олимписките игри биле неизбежни.
Швајцарецот треба да се врати на терените на почетокот на следната година, а, како што вели, една од главните цели е Токио и нападот на олимпиското злато.
“Планот е да бидам таму (во Јапонија) на Олимписките игри. Знаете, тоа е мојот голем план”, рекол Федерер.
Иако звучи сурово, пандемијата не можеше да дојде во подобро време за Федерер и неговата професионална кариера.
“Можеби звучи себично да се каже дека не е лошо што беше преместена, поради проблемите што ги имав оваа година. Беше голем шок за сите нас кога Вимблдон беше откажан поради пандемијата, а потоа и Олимпијадата наскоро потоа”, рекол Федерер и додал:
„Да се ​​надеваме на најдоброто кога станува збор за Олимписките игри во Токио. Тоа е една од моите големи цели. Навистина се надевам дека ќе можам да се вратам таму”.
Федерер никогаш не освои злато во сингл на Олимписките игри, но тоа го направи во двојки, во комбинација со Стен Вавринка во Пекинг во 2008 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За Хамилтон пол во Џеда: Ферстапен удри во заштитниот ѕид!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Саудиска Арабија, …