Неверојатен чекор на човештвото: Пронајден начин на Марс да се создаде кислород!?

Во мисија со висок ризик, за која ќе бидат потребни околу пет години, НАСА сака да слета тим на астронаути на Марс, по 2030, година така што тие ќе прават кислород на Црвената планета.
За да ја одржи мисијата функционална, нема да има доволно залихи со кислород зкој ќе го понесат од Земјата, туку НАСА планира да го реши проблемот со користење на системот MOXI, експериментален проект за создавање кислород на планетата Марс.
Овој систем е во тест фаза на возило што слета на Марс во јули.
Роверот содржи уред што го претвора јаглерод диоксидот, кој сочинува 96 проценти од атмосферата на Црвената централа, во кислород, пренесува CNN.
Во атмосферата на Марс има само 0,13 проценти кислород, во споредба со 21. процент во атмосферата на Земјата.
MOXI е уред што прави кислород како дрвја – привлекува воздух од Марс и со електрохемискиот процес одделува два атома на кислород од секоја молекула на јаглерод диоксид.
Научниците од Универзитетот Сент Луис во Вашингтон рекле дека можеби пронашле друга техника што може да бидат додаток на овој систем.


Постои можност замрзнатите езера на Марс да се користат за производство на кислород, бидејќи се верува дека таму има солен раствор.
“Присуството на раствор на сол е случајно, бидејќи ја намалува точката на замрзнување на водата. Идејата е да се земе солена вода и да се електролизира. Нашиот процес би се зела вода и би ја поделиле на водород и кислород”, рекол Видџај Рамани, творец на идејата од Универзитетот во Вашингтон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Пар „остарел“ 70. години за само 5. минути

Ова е секако еден од најтрогателните клипови што се појавил во последно време и многу …