Зачини кои помагаат при слабеењето

Цимет


Циметот содржи моќни антиоксиданти наречени полифеноли кои ја подобруваат чувствителноста на инсулин. Студија за животни објавена во Archives of Biochemistry and Biophysics покажала дека додавањето цимет во храната ја намалува акумулацијата на маснотиите во стомакот. Исто така, студиите објавени во American Journal of Clinical Nutrition покажале дека додавањето лажичка цимет во скробен оброк може да помогне во стабилизирање на шеќерот во крвта и спречување на скокови на инсулин.

Чили пиперки

 

Капсаицинот е активна компонента на чили пиперките и се покажа дека ги намалува маснотиите во стомакот, го потиснува апетитот и ја подобрува термогенезата – способноста на организмот да согорува храна како енергија. Студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition открива дека дневната потрошувачка на капсаицин го подобрува губењето на маснотиите во стомакот, а студија на канадски истражувачи открила дека мажите кои јаделе зачинети предјадења, конзумирале 200 калории помалку во подоцнежните оброци од оние кои не јаделе.

Семе на сенф

Научниците од Институтот Оксфорд откриле дека јадењето една лажичка сенф (околу 5 калории) може да го забрза метаболизмот до 25 проценти за неколку часа по оброкот. И не само тоа, студија објавена во Asian Journal of Clinical Nutrition открил дека масното ткиво на стаорците се намалува кога диетата е дополнета со масло од семе од сенф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

12. намирници кои треба да се јадат за појадок – ако сакате да ослабнете

Оброк кој е многу важен кога сакате да се храните здраво и да ослабнете е …