Зачини кои помагаат при слабеењето

Истражувањата сугерираат дека некои зачини всушност можат да бидат насочени кон маснотии во стомакот, да ја намалат надуеноста и да помогнат во слабеењето. Еве неколку што ќе ги најдете во секоја продавница.

Ѓумбир


Лековитите својства на ѓумбирот се познати, меѓу другото, може да помогнат при многу проблеми со гастроинтестиналниот тракт, а студијата објавена во „Журнал за гастроентерологија и хепатологија“ сугерира дека тој има единствена способност да го забрза празнењето на желудникот“, пишува „Eat This, Not That“.

Црн пипер


Пиперинот, моќно соединение кое му дава карактеристичен вкус на црниот пипер, се користи со векови во источната медицина за лекување на многу здравствени состојби, вклучувајќи воспаление и стомачни проблеми. Неодамнешните студии на животни откриле дека пиперинот исто така има способност да се меша во формирањето на нови масни клетки, што резултира во намалување на обемот на половината, телесните масти и нивото на холестерол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …