(ФОТО) Проѕирната црква во Белгија ги збунува очите и мозокот

Од далечина, изгледа како обична селска црква, но како што се приближувате, сфаќате дека нејзините делови едноставно исчезнуваат.
Оваа необична атракција го најде своето место под сонцето во белгискиот град Борглун, еден час оддалечен од Брисел.
Можеби мислите дека нема потреба да се посетува друга црква кога повеќето западноевропски градови имаат десетици во центарот, но оваа е поинаква и вие ќе сакате да ја видите – ако можете.
Имено, станува збор за црква која функционира како уметничка инсталација. Изградена е од челик нареден во распоредени линии и всушност е проѕирна.


Низ неа, секогаш можете да ја видите околината што ја опкружува, и поради прекрасниот визуелен ефект во контакт со сончевите зраци, препорачливо е да ја посетите пред зајдисонце.
Во зависност од времето и положбата од која ја гледате, можете да ја видите скоро во целост, или само во траги кога целосно ќе се спои со нејзината околина.
Внатрешноста е особено убава, кога ќе погледнете нагоре во нејзината кула, која од таа позиција изгледа како оптичка илузија.

Vinsent Izore
Сега кога знаеме за неа и сакаме да ја посетиме еден ден, треба да го знаеме и нејзиното име – Прочитајте меѓу редови. Не, тоа не е инструкција, тоа е нејзиното вистинско име.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …