(ВИДЕО) Ѓоко Ѓорчев наскоро со видео за „Phantom Of The Opera“

Водата мирува Ѓоко Ѓорчев не мирува…
А, најновото од него е најавата за видео за темата „Phantom Of The Opera“, од познатиот мјузикл, која во дует ја изведе со оперската певица Кристина Палија.
На видеото кое е поставено на Јутјуб, само со вокали, коментарите се повеќе од воодушевувачки, а ние се согласуваме со нив, особено кога велат дека ваква МОЌНА интерпретација одамна немаат слушнато.
Особено не од нашиот „Том Џонс“ кој вплови и во сериозната музика со неколку арии, но оваа, „Phantom Of The Opera“, е посебна…А, доказ за тоа имаше и во овациите што ги добија за својата изведба на концертот на Ѓоко Ѓорчев во МОБ.


„Фантомот ми е посебно драга изведба, бидејќи многумина токму преку неа ме видоа и во друго светло. Изведба со која покажав дека можам многу повеќе од поп музиката. Лично, откако ја снимивме дознав дека токму ‘Phantom Of The Opera’ е омилена тема на мојот драг пријател Киро Богевски од ‘Бовин’ кој заедно со неговиот брат стојат зад мене сиве овие години. И, токму во нивна чест решив да вложам напор и да снимам спот за оваа музичка тема“, ни рече Ѓорчев.

loading...

Како што неофицијално дознавме зад снимањето на видеото на „Phantom Of The Opera“ ќе застанат „Бовин“ и ТОТАЛ ТВ.
Инаку, иако засега не се откриваат детали околу самиот спот, како е замислен, познато е дека зад камерите ќе стои Миле Гроздановски, еден од нашите врвни режисери (кој сигурно си има свое видување) на ова ремек дело, па сигурно видеото нема да заостанува зад аудиото.
„Phantom Of The Opera“ Ѓоко Ѓорчев ја сними со Кристина Палија па е извесно дека и таа ќе биде дел од ова видео.
Останува само да почекаме и да го видиме резултатот од оваа музичко – видео соработка.


Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грицки кои помагаат во регулирање на крвниот притисок и шеќерот, го намалуваат ризикот од развој на рак на дојка

Семките од тиква се здрава традиционална закуска. Кога ќе се излупат, остануваат покриени со зеленикава …