(ВИДЕО) ОТВОРЕН ПРВИОТ ПОДВОДЕН КРУЖЕН ТЕК: Импозантна градба – 11. км долг тунел оди под Атланскиот океан!

Работата на првиот подводен кружен тек, под Северниот атлантски океан, е завршена, како дел од проектот на изработка на тунел долг 11 километри под дното што поврзува 2 од 18-те Фарски острови.
Кружниот тек наскоро ќе биде пуштен во употреба и не само што ќе се користи за сообраќај, туку необичниот инженерски потфат е украсен и со инсталација од локалниот уметник Трондур Патурсон.На својата најдлабока точка, тунелот Еисторојар лежи на 189. метри под нивото на морето.
Во 2014. година, Парламентот на Фарските Острови ги одобри плановите за изградба на тунел што ќе го поврзува главниот град Торшавн со две места на островот Еисторојар – Рунавик и Стендур.

Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу Торшавн, кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмор, од две села на островот Еисторојар од 55. на 17. километри.
Времето на патување ќе се намали од еден час на 16.минути.
Вториот тунел е исто така во изградба и ќе ги поврзува островите Стрејмој и Сандој. Тунелскиот систем е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Фарските Острови и се планира да заврши до 2024. година.

Вредноста на работите на двата тунела се проценува на 265. милиони долари.
Работите на тунелот кон Еисторојар се планира да завршат до почетокот на 2021. година, но тие беа завршени пред крајниот рок, па затоа ќе биде отворен на 19. декември, кога ќе поминат сите безбедносни проверки.
Што се однесува до вториот тунел, околу 60 проценти од работата за дупчење е завршена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …