(ФОТО) Австралија Опен: Новак, одиш во строг карантин и имаш 100. долари (дневно) за храна

Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен,а кампањата за деветтиот пехар во Мелбурн ќе ја започне малку подоцна од вообичаеното поради многу специфични околности.
Првиот Грен слем во сезоната е преместен на 8. февруари, а организаторите веруваат дека дотогаш сè ќе биде подготвено.

Короната влијаеше на одложувањето на Австралија опен, но во Мелбурн сепак ќе се игра врвен тенис, во услови што не се виделе досега. И се’ со цел сите актери да бидат максимално заштитени.
Директорот на турнирот Крег Тили на почетокот на декември испрати писмо до играчите со новите правила што ќе мора да ги почитуваат поради пандемијата а сега се познати нови детали.
Имено, тенисерите ќе можат да пристигнат само со чартери, од 15. до 17. јануари, но карантинот нема да започне се додека последниот играч не пристигне во Мелбурн.


Тие ќе можат да ги напуштат хотелските соби максимум пет часа на ден, и тоа само од две причини – да тренираат (два часа на терен, уште два во теретана) и да јадат, а предвиден е и еден час за оброци.

Исто така е познато дека организаторот ќе плати на секој тенисер, вклучително и на Новак Ѓоковиќ и на неговиот тим, индивидуално 100 австралиски долари дневно за храна, што е околу 60. евра!?


Тенисерите и нивните соработници нема да имаат можност за приватно сместување, што беше опција на УС Опен, туку сите ќе мора да бидат сместени во хотелски карантин. Посетите се строго забранети.
Специфични околности, Австралија опен, кој никогаш не започнува подоцна, сè е поинаку, а посакуваме трофејот да остане во сопственост на Ѓоковиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КОИ АНТИТЕЛА СЕ ПОДОБРИ – Од вакцина или после прележаниот вирус? Одговара вирусолог!

Вирусологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Краљево, Миланко Шеклер, порачал дека сегашната состојба може …