Прогноза на Бил Гејтс: Кога се враќаме во НОРМАЛА!

Со месеци луѓето се прашуваа само една работа – кога ќе се врати животот во нормала и кога ќе заврши оваа агонија. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс има проценка.
Со вакцините и терапевтските третмани кои се наѕираат како спас од коронавирусот, Гејтс рекол дека Соединетите Држави и остатокот од светот може да се нормализираат до пролетта 2021. година.
„Следните четири или пет месеци навистина изгледаат прилично мрачни, освен ако навистина не можеме да внимаваме на нашето однесување“, изјавил тој за NBC Today.
„Најефективната работа што луѓето можат да ја направат сега за да го намалат понатамошното ширење на вирусот и да ја ублажат пандемијата е да го следиме она што ни е кажано цело време“, рекол Гејтс. На пример, да се дружите помалку со луѓето и да носите маска каде и да може да бидете изложени на ризик, советува Гејтс.

Напредокот во терапиите, како што е третманот со моноклонални антитела (кои работат со имитирање на способноста на имунитетот да се бори против вирусот) и резултатите од „големите вакцини“ исто така ќе помогнат, рекол Гејтс.
„До пролет, тие бројки ќе бидат доволно големи што, сигурно во САД, сè ќе почне да се менува драматично и ќе се вратиме во нормала“, вели тој.
Вакцините се близу до одобрување. Производителите Pfizer и Moderna аплицираа за одобрување за итна употреба на вакцини во неколку земји.
Генерал-потполковник Пол Островски, кој е директор за производство и дистрибуција на вакцини во САД, рекол дека секој што сака да се вакцинира може да го стори тоа до јуни.


Гејтс рекол дека временскиот рок „може да се постигне“ со испраќање на вистинските пораки до јавноста. Епидемиологот Ентони Фаучи рекол дека 75% до 85% од Американците треба да се вакцинираат за да се постигне имунитет на стадо.
Милјардерот додал дека „се надева“ дека луѓето кои се двоумат дали да земат вакцина против корона ќе бидат охрабрени од „повеќе податоци што велат дека многу луѓе имаат добро искуство и дека тоа им помага да не умрат“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …