Принц Хари:„Короната е казна на мајката природа за нашето однесување“

Принцот Хари прв пат се огласи откако неговата сопруга Меган Маркл објави дека имала спонтан абортус. Овој пат принцот го објасни своето мислење за короната.
Принцот Хари го презентираше својот став за пандемијата на коронавирусот за платформата „WaterBear“, која се занимава со еколошки и климатски проблеми и рекол дека она што ни се случува е казна на мајката природа за нашето однесување кон животната средина.
„Некој ми рече на почетокот на пандемијата дека оваа ситуација е скоро како Мајката природа да не испратила во соба заради лошо однесување, да размислиме за сопствените постапки. Сите сме меѓусебно поврзани, не само преку човечки односи, туку и преку природата. Земаме толку многу од природата и ретко ивраќаме нешто“, објаснил принцот и додал:
„Секоја капка дожд што паѓа на земја го олеснува. Може и ние да бидеме дожд. Но, ништо не може да се направи без едукација за која е потребно да се делува“.


Да потсетиме, принцот Хари досега не се огласи откако Меган Маркл откри во интервју за „Newујорк Тајмс“ дека ова лето го загубија своето второ дете.
Меган доживеала абортус во јули откако почувствувала „остар грч“ во стомакот додека ја менувала пелената на нејзиниот син Арчи.


„Тоа беше јулско утро што започна обично како и сите други. Правевме појадок. Ги нахранивме кучињата. Земаш витамини. Го барате оној чорап што недостасува. Ја земате боичката што се стркалала под масата. Ја врзувате косата во опашка пред да го извлечете синот од креветчето. Откако му ја сменив пелената, почувствував остра болка. Паднав на подот со него во рацете, пеејќи приспивна песна за да не смири и двајцата. Веселата мелодија беше јасен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред. Знаев – додека го држев првото дете, го губев второто“, опишала Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Актерката од филмот Gone Girl починала откако ја удрил електричен ромобил

Актерката Лиса Бејнс почина по несреќата во Њујорк. Имаше 65 години. Актерката ја удрил возачот …