НЕ ТРЕБА ОПУШТАЊЕ – ВАКЦИНИТЕ НЕ ЗНАЧАТ НУЛА КОВИД: СЗО предупредува зошто вакцините нема да го елиминираат вирусот!

Појавата на поефикасни вакцини против ковид-19 и придружниот оптимизам не треба да дозволат да се спушти гардот и да следи опуштање, бидејќи тие нема да го елиминираат вирусот, предупредила Светската здравствена организација.
„Вакцините не значат нулта ковид“, рекол Мајк Рајан, одговорен за итни ситуации во СЗО, и објаснил дека вакцините сами „не можат да ја завршат работата“.
Службеникот за управување со пандемија, СЗО, Марија ван Керков, го повикала населението навистина да размисли што прави за време на празничната сезона на крајот на годината, со цел да се ограничи преносот на вирусот корона.
„Одлуките што ги донесуваме сега може да значат живот или смрт за нас, за нашето семејство“, рекла таа.


Пандемијата со корона вирус, во која се заразени повеќе од 66. милиони луѓе и повеќе од 1,5 милиони починаа, започна да се шири брзо низ целиот свет во време кога се најавуваат плановите за масовна вакцинација во повеќе земји.
„Напредокот во областа на вакцините го подигнува нашиот морал и сега можеме да започнеме да ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, рекол директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, но предупредил на растечкото чувство дека пандемијата е завршена.
Неколку службеници на СЗО предупредуваат и на лажно чувство на сигурност што вакцините можат да го обезбедат.
„Додека се дистрибуираат вакцините, луѓето треба да продолжат да ги почитуваат мерките за јавно здравје за да можат сите да бидат заштитени“, рекол Тедрос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес ја славиме Великомаченичка Ирина: Ова никако не смеете да го правите!

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Великомаченичката Ирина, сама легнала во гроб, а …