(ВИДЕО+ФОТО) УРНАЛЕ ЅИД И СО КРАН ИЗНЕЛЕ ЧОВЕК ОД 300 КИЛА: Несекојдневна евакуација во Франција – во „филмското спасување“ учествувале 50. луѓе!

Во Перпињан била извршена несекојдневна евакуација, кога поради заминувањето на дебел пациент во болница, мораше да се ангажира градежен кран и да се сруши дел од зградата во која живеел!
Ален Панабиер (53) имал околу 300 килограми и со месеци лежел целосно прикован на својот кревет, од кој гледал телевизија, телефонирал и каде го поминал своето секојдневие. Со години не излегувал од станот.

Сепак, тој морал да оди во болница, бидејќи лекарите заклучиле дека, поради отежнато дишење, се наоѓа во животна опасност. Но, било невозможно да се префрли на класичен начин. Скалите биле претесни и во лоша состојба и имајќи предвид дека станува збор за многу стара двокатна зграда, веројатно не би ја издржала неговата тежина.

Така, на помош бил ангажиран еден кран. Претходно бил разработен и детален план. Бидејќи растојанието помеѓу зградите во овој историски дел на Перпињан е мало, кранот бил поставен во соседната улица. Контејнерот бил спуштен под прозорецот на Ален, чија стабилност била обезбедена од специјално возило. Контејнерот потоа се подигна до висината на прозорецот. Претходно, дел од фасадата требало да биде срушен, за да во контејнерот можел да се вметне пациентот. Лекарите веќе чекале подготвени.

Повеќе од педесет лица, полицајци, спасувачи и медицински персонал биле вклучени во акцијата, додека околните улици биле затворени. Бил воспоставен и санитарен кордон а секој потег бил внимателно следен. Деликатната евакуација била успешно завршена.

„Убаво е државата на овој начин да се грижи за луѓето. Спасивме човечки живот, и тоа е секогаш големо задоволство“, рекол неговиот адвокат Жан Кодонјес, кој на крајот на октомври испратил писмо до министерот за внатрешни работи, а потоа поднел тужба за непреземање помош на лице во опасност.

Ален Панабиер бил пренесен во болница во Монпелје каде ќе се лекува за неговата целокупна состојба, а подоцна ќе биде префрлен во посебен центар за реедукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 23.06.2021: Вие сакате да го почитувате меѓусебниот договор, но забележувате дека партнерот има различни интереси и смислува некои „тајни планови“…

Овен Љубов: Анализирајте ја повнимателно личноста што ви се допаѓа. Склони сте на чести промени …