Шокантна одлука: НБА дозволила марихуана!

Според американските медиуми, НБА лигата донесе одлука да го откаже тестирањето на играчи за канабис во претстојната сезона од безбедносни причини.
Раководството на НБА-лигата така ја продолжи одлуката донесена ова лето, кога лигата продолжи да игра во „балонот“ во Орландо по пауза поради пандемијата на коронавирусите.
Според американските медиуми, НБА ја донела оваа одлука со цел да избегне кошаркарите, покрај веќе строгите безбедносни протоколи, да бидат изложени на дополнителни контакти.
Се верува дека оваа одлука доведува до целосно укинување на тестирањето на канабис во НБА лигата, особено затоа што голем број американски федерални држави значително ги олабавија законите кога станува збор за канабисот.
„Кога правилата вака се менуваат, мора да бидеме внимателни затоа што испраќаме одредена порака до младите. Исто како и во случај на алкохол, ние мора да ги научиме младите луѓе да користат вакви супстанции одговорно и да не им дозволуваме да преземаат контрола врз нивните животи“, рекол комесарот на НБА, Адам Силвер.
Според ЕСПН, во САД има само шест држави кои не легализирале употреба на канабис во каква било форма, а тоа се Индијана, Џорџија, Северна Каролина, Тексас, Тенеси и Висконсин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Новак за еден ден од тениски негативец до херој

Новак Ѓоковиќ во последно време е постојано на мета на светските медиуми, притисокот врз најдобриот …