Швајцарската драма „Хронофобија“ во кино „Милениум“ -хроника на невозможна љубовна приказна-

Швајцарската драма „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици е на реперторот на киното „Милениум“ во терминот од 16.30 часот. Филмот е со времетраење од 93 минути. Во главните улоги се познатата швајцарска актерка Сабине Тимотео и италијанскиот актер Виничио Маркиони. Станува збор за хроника на невозможна љубовна приказна. Филмот е победник на Филмскиот фестивал во Богота за најдобар филм и режија, победник на Дурбан Интернационалниот филмски фестивал за најдобра монтажа, победник за најдобра режија и сценарио на фестивалот „Макс Офулс“, специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал „Блек најтс“ во Талин и многу други награди и номинации.

Сатер е осамен човек, кој е во постојано движење, бегајќи од себе. Преку ден, шета низ Швајцарија со бело комбе, додека преку ноќ тајно го набљудува животот на една друга осамена личност: Ана, млада жена што страда од сложен облик на тага. Откако ја открива неговата опседнатост со неа, се создава необична врска меѓу нив. Но оваа кревка рамнотежа за кратко време ќе биде уништена, кога Ана ја открива мрачната тајна на Сатер.

Филмот се прикажува и во кината низ републиката со поддршка на „Свис Филмс“. Дистрибутер е КТ Филм и Медиа од Битола.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Во петок во НОБ – Гала оперски концерт и „Болеро“ – Морис Равел

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се …