(ФОТО) Срцепарателно писмо до Дедо Мраз: Желбата на девојчето расплакала многу луѓе

Несебично осумгодишно девојче од Велика Британија има само една желба за Божик и допрела илјадници луѓе ширум светот. Во срцепарателното писмо до Дедо Мраз, таа изјавила дека не сака никакви подароци, туку нешто сосема друго.
„Драг Дедо Мраз, сè што сакам за Божик е светот да се врати во нормала. Не знам дали можете да го постигнете тоа, но ако не можете, и тоа е во ред. Не ми пречи да не добијам ништо затоа што имам сè што ми треба. Ви благодарам“, напишала малечката Кортни.

Нејзината мајка Саманта Дикен (34) ја споделила објавата на Фејсбук и ги прашалаа пријателите како нивните деца се справуваат со заклучувањето.
„Барем Дедо Мраз да и ја исполни желбата“, додала нејзината мајка.

Фотографијата од писмото, пак, станала вирална, со илјадници лајкови и пораки за поддршка. „Такво несебично девојче, прекрасно“, „Ова ме расплака“, „Прекрасно воспитано девојче“, „Скромноста е доблест, секоја чест“, се само некои од коментарите на објавата.

Извор:Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …