(ФОТО) Официјално е: Добре дојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“

Градските власти на Неапол донесоа официјална одлука стадионот на Наполи „Сан Паоло“ во иднина да го носи името на Диего Армандо Марадона.
Од овој петок, 4 декември, фудбалерите на Наполи ќе играат на стадионот кој ќе го носи името на легендарниот Аргентинец, кој неодамна почина.
Целата постапка беше експресно започната и исто така завршена. И тоа надвор од законот – на некој начин.
Целиот спортски свет беше во шок, Аргентина и Неапол останаа со скршени срца од 25. ноември, кога Марадона прерано отиде во рајот.
И, според италијанскиот закон, која било јавна институција или област не може да биде именувана по неодамна починато лице, туку мора да поминат 10 години.
Сепак, кога станува збор за Ел Пибе, сè е можно
Добредојдовте на стадионот „Диего Армандо Марадона“, домот на фудбалерот на Наполи, кој ги освои единствените две Скудета предводени од неповторливата „десетка“.
Марадона играше за Наполи од 1984. до 1991. година, а покрај две шампионски титули во Италија, тој освои еден Куп на Италија, еден Куп на УЕФА и еден Суперкуп на Италија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Новак за еден ден од тениски негативец до херој

Новак Ѓоковиќ во последно време е постојано на мета на светските медиуми, притисокот врз најдобриот …