(ФОТО) ВРВ НА НАРЦИЗМОТ – Има само 159 сантиметри но облини и его со гигантски размери

Ким Кардашијан ја шокираше јавноста со својот нов фустан
Ако мислевте дека сестрите Кардашијан го апсолвираа самољубието и не можат да одат понатаму, се излажавте. Секогаш може подобро и повеќе, а Ким неодамна го докажа тоа.
Имено, минијатурната старлета позирала во тесен фустан кој го нагласил секој сантиметар од нејзините раскошни облини, но овој пат тие не беа во центарот на вниманието, туку дизајнот на оваа креација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Атрактивната 40-годишна жена носела фустан со сопствен лик на снимањето на рекламна кампања за новата роденденска колекција на нејзиниот козметички бренд „KKWbeauty“.
Фотографијата собрала скоро милион и пол лајкови за помалку од 24 часа, а Ким добила стотици позитивни коментари, па на некои очигледно им се допаѓа нејзината самозаљубеност.
Од друга страна, очигледно е дека оваа жена е господарка на самопромоцијата бидејќи благодарение на тоа ја изгради целата империја и заработи милијарди долари, и стана една од највлијателните во светот на шоу-бизнисот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Навики што откриваат дека сте пораснале во сиромашно семејство

Не секој е роден „под среќна sвезда“ – толку многу луѓе знаат многу добро како …