Починал легендарниот негативец познат по улогите во франшизата „Mad Max“

Британско-австралискиот актер Хју Киз Брн почина на 74-годишна возраст.
За време на неговата кариера, тој забележа над 50. остварувања на големиот и малиот екран, но тој влегува во историјата како култен негативец, познат по улогите како Toecutter и Immortan Joe во познатата франшиза „Mad Max“.
Во далечната 1979. година, во првиот дистописки трилер на Џорџ Милер, во кој глумеше Мел Гибсон, тогаш 33-годишниот Брн играше морничав водач на мото-банда познат по прекарот Toecutter.

Фановите на сагата за разбеснетиот Макс беа воодушевени кога во 2015 година го препознаа како ужасниот Бесмртен Џо во „Mad Max:Fury Road“, последното продолжение на овој австралиски научно-фантастичен блокбастер, кој одбележал генерации.

Бројни колеги, кои работеле со него низ годините, се збогуваат со покојниот актер. Така направи и Шарлиз Терон, која брилјираше како Фуриоза во најновиот филм на франшизата.

„Почивај во мир, Хју. Неверојатно е како си бил способен толку добро да играш лоши момци кога беше толку прекрасна душа. На сите нас мнгоу ќе ни недостигаш“, напиша актерката покрај фотографијата од сетот.
Причината за смртта сè уште не е позната ниту објавена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Путин во повод Богојавление се нурнал во ледената вода

Рускиот претседател Владимир Путин се нурнал во ледената вода во московскиот регион по повод православниот …