ПОЕТ И РОМАНСИЕР – Како пар кој водел љубов го инспирирал Леонард Коен да стане музичар?

Леонард Коен беше неконвенционален уметник, во секој поглед. Ја започна својата кариера како поет и романсиер, и многу почитуван. Кога имал 33. години, Коен, неубеден во моќта на неговата порака, изразена во пишаниот збор, решил да остави литература зад себе и да се обиде со музика и да пишува текстови.
Некои уметници отсекогаш знаеле дека треба да го следат патот на нивниот неистражен талент. Други тоа го наоѓаат во сон, трети ќе слушнат песна или присуствуваат на концерт, свирка што им „пали ламба“. Коен – Не.

Кога започнал да го живее боемскиот живот кој секогаш го ценел во 1965 година, Коен бил почитуван писател. Парите и стипендиите му овозможиле да патува низ светот, да го истражува и да пишува за тоа. Сепак, на крајот од сите негови талкања, неговата родна Канада беше местото каде сфати дека музиката е иднината.
Додека престојувал во Торонто, во хотелот „Кралот Едвард“, Коен свирел на хармоника, обидувајќи се да создаде нови мелодии. Во собата што била поврзана со неговата, а чија врата била малку подотворена, тој можел да слушне и да види како двајца странци водат љубов, како се движат во ритамот на неговата музика.


Коен ја отворил книгата и започнал да чита една од неговите песни во ритамот создаден од оваа двојка, охрабрен од нивната реакција и воздишките што доаѓале од другата просторија.
„Мислам дека ќе ги испеам и ќе ги снимам своите песни“, му рекол на еден пријател кој бил таму со него. Напишал уште неколку зборови, како што можеше само тој.
„Те молам, немој“, рекла таа едноставно.
За среќа, тој не ја послушал, било напишано во списанието Macleans во 1978 година. Коен и свртел грб на литературата, се посветил на мелодијата и изградил една од најплодните и најбогатите кариери во модерната музика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Путин во повод Богојавление се нурнал во ледената вода

Рускиот претседател Владимир Путин се нурнал во ледената вода во московскиот регион по повод православниот …