Еве неколку причини поради кои е добро да се јадат ореви

Можеби мислите дека оревите се само состојка на колачи, но тие се идеална ужинка или додаток на салати, варен зеленчук и хумус. Покрај тоа што се вкусни, тие се полни со хранливи материи, па затоа и се исплати да ги додадете во вашето мени.
Седум јаткасти плодови содржат 18 грама здрави масти, четири грама протеини, два грама влакна, скоро 50 проценти од препорачаната дневна доза на манган, како и помали количини на магнезиум, железо, калциум и витамини од групата Б.
Истражувањата покажаа дека оревите го подобруваат дигестивниот систем и здравјето на срцето. Шестнеделното истражување на Универзитетот Пен, спроведено меѓу дебели возрасни лица, покажа дека нивниот крвен притисок и холестерол се намалени поради конзумацијата на ореви.


Оревите придонесуваат и за здравјето на мозокот. Студија објавена во 2020 година во The American Journal of Clinical Nutrition, спроведена меѓу 600 постари возрасни лица, заклучила дека јадењето ореви го забавува нивниот когнитивен пад.
Покрај сите горенаведени придобивки, јадењето ореви може да го намали чувството на глад и да го регулира апетитот.


Најголемото клиничко испитување кое го анализираше влијанието на конзумацијата на ореви врз сексуалната функција кај здрави мажи е објавено во списанието Nutrients 2019. Истражувачите откриле дека за време на 14 недели, мажите кои јаделе околу две порции мешавина од јатки на ден имале значително зголемување на оргазмичката функција и сексуалната желба. Смесата се состоела од 50% ореви, 25% бадеми и 25% лешници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Открила дека сопругот после 15. години брак и рекол дека е хомосексуалец: „Сега сме најдобри пријатели!“

ЖЕНА од Велика Британија чиј сопруг откри дека е хомосексуалец по 15 години брак открила …