Print

5-ти декември – Светскиот Ден на Волонтерството

Светскиот Ден на Волонтерството 5-ти декември, секоја година се одбележува со пригодни активности во Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина. На овој ден националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина ширум светот  организираат најразлични активности за да им се одаде признание на волонтерите за нивниот придонес и волонтерска работа за помош и поддршка на различни категории на население кои ги помага Црвениот крст.

Годинава, како резултат на пандемијата со Ковид-19, на 4-ти декември 2020 година, Црвениот крст на РСМ ќе организира онлајн вебинар настан за одбележување на Светскиот Ден на Волонтерството под мотото “За сите наши волонтери” во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

Изминатава година акцентот на активностите на Црвениот крст на РСМ беше да се помогнат различни целни категории на население погодени од пандемијата со Ковид-19, која за жал сеуште трае. Имајќи во предвид дека состојбата наложуваше голем ангажман и поддршка за различни категории на погодено население, поддршката на Црвениот крст не ќе беше можна без волонтерите и нивниот секојдневен ангажман и придонес во локалните заедници.

Print

Токму затоа по повод одбележувањето на Светскиот Ден на Волонтерството на нашиот онлајн настан, на кој гостин ќе ни биде и Претседателот на Република Северна Македонија, г.дин Стево Пендаровски, ќе ја искористиме можноста да прикажеме видео содржини и обраќања од наши вработени и волонтери од повеќе општински организации на Црвен крст на РСМ кои ќе не потсетат на придонесот на нашите волонтери во одговорот на пандемијата предизвикана од ковид-19. На крајот на настанот Претседателот на Република Северна Македонија, г.дин Стево Пендаровски, во името на нашата организација ќе го додели признанието Благодарница на сите волонтери на Црвен крст на РСМ, во знак на благодарност за севкупниот придонес на сите волонтерите на Црвен крст на РСМ за обезбедување поддршка за различни целни групи на население погодени од пандемијата со Ковид-19 во Република Северна Македонија.

Ќе ни причинува посебна чест доколку го следите нашиот настан во живо на нашата фејсбук страна (https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonija) или преку ЗООМ платформата ( https://us02web.zoom.us/j/82497768590 ) во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе …