(ФОТО) Хотели за изолација: Италијанска револуција во ковид туризмот

Напуштените италијански села им служеа на хотелиерите да го осмислат концептот на таканаречено расфрлано сместување во раните 90-ти. Во тоа време, тие веројатно не ни сонуваа дека триесет години подоцна, овој вид угостителство ќе се покаже како целосен успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sextantio (@sextantio)

Средновековната архитектура, напуштените села и градови, како и природа без гужви на прв поглед изгледаат како идеална позадина за филм, но може да биде и формула за совршен хотел во ерата на коронавирусот. Од 90-тите години на минатиот век, Италија полека, но сигурно прифати туристички модел, познат и како albergo diffuso, или расфрлани хотели.
Во време кога жителите се селеа во поголемите градови за да најдат работа и да бидат поблиску до цивилизацијата, хотелиерите излегоа со идеја да ги претворат напуштените куќи и градови во луксузни апартмани со базени и погледи на речиси недопрената природа – идеална можност во време кога куќите се продаваат по – дај што ќе дадеш цени. Така, гостите можат да ја изнајмат целата куќа за себе и да одат неколку улици подалеку до велнесот или хотелскиот ресторан.

А експертите предвидуваат дека по појавата на вакцината, и понатаму ќе се бара сместување што овозможува дистанцирање.
Еден од првите примери на вакви расфрлани хотели може да се види во утврдениот град Санто Стефано ди Сесанио во централниот италијански регион Абруцо, каде се наоѓаат планините Кампо Императоре, познати и како Мал Тибет.
Таму се отворил Секстантио, еден од првите расфрлани видови хотелско сместување, кој наскоро се појавил и во Матера во јужна Италија. Денес, такво расфрлано сместување може да се најде на околу сто места низ Италија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …