Репертоар на Театар за деца и младинци за декември

Крајот од 2020 година ќе биде заокружен со две премиери и богат репертоар за сите генерации.
Почнаа со премиера на претставата ОБЛАК ВО МАЛА КУТИЈА, за најмладата публика (1+). Истата се изведува пред лимитиран број посетители, поради интерактивниот формат.
Пред новогодишните празници ќе има уште една премиера на детско-играната претстава НЕКОЈ НЕКА МИ КАЖЕ КОЛКУ СУМ ВАЖЕН.
Во меѓувреме од ТДМ покануваат заедно да уживаме на некоја од претставите од редовниот репертоар.
Резервација на билети на www.puppet.com.mk или на 02-3222-619

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Почина академик Богомил Ѓузел

Македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач, академик Богомил Ѓузел, почина на 82. години …