Поради компликации со коронавирусот почина Благоја Стефановски-Баге, поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија

На 67. годишна возраст поради компликации од Ковид-19 почина Благоја Стефановски -Баге актер и долгогодишен директор на Битолскиот народен театар, поранешниот министер за култура, поранешен пратеник, како и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб Пелистер.
Благоја Стефановски-Баге, беше човекот кој живееше за театарот и за културата, многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници.


Зад Стефановски стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА.
Минатата година Стефановски го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Навики што откриваат дека сте пораснале во сиромашно семејство

Не секој е роден „под среќна sвезда“ – толку многу луѓе знаат многу добро како …