Половина век поминале заедно, а короната ги убила за две недели

Коронавирусот во рок од две недели уби пар што бил во брак повеќе од половина век
Дејвид (76) и Марија Емот (74) починаа по 52. години поминати во брак како резултат на компликации предизвикани од Ковид-19. Марија само преку Зум можела да се збогува со својот сопруг, кој умирал во болницата.
Дејвид починал на 18. октомври, а неколку дена по неговата смрт, Марија колабирала во нивниот дом во Олдам во близина на Манчестер и починала на 1. ноември.
Внуката Кејти (31), која живеела со нив, рекла дека срцето и е скршено. „Тие за мене беа како татко и мајка. Таа беше најдобрата пријателка на сите. Дедо ми им рече на сестрите во болницата колку ги сака своите девојки“, изјавила внуката за „Дејли меил“.
Двојката ја прославила својата 52-годишнина од бракот во септември во еден локален паб, сепак, девет дена подоцна започнала трагедијата, кога Дејвид се здобил со опструктивна белодробна болест, што се покажало дека е резултат на коронавирус.
Тој, една недела порано, примил вакцина против сезонски грип, а семејството рекло дека тој не покажува некои посебни симптоми на болеста.
Дејвид бил во самоизолација 15. дена, но брза помош повикале на 15. октомври, бидејќи не можел да дише. Починал три дена подоцна во болницата, на одделот за интензивна нега.
На Марија и се слошило неколку дена по смртта на Дејвид, направила тест, открила дека е позитивна и потоа почина на 1. ноември.
Двајцата се венчаа во 1968. година и биле заедно погребани, рамо до рамо на гробиштата во Олдам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Витаминот Б12 се смета за главно оружје против тешки болести: Еве во која храна го има најмногу и што се лекува!

Витаминот Б12 или кобаламин е неопходна и многу важна компонента за здравјето на луѓето, тој …