Најголемиот е-спорт настан оваа година во онлајн издание – А1 Game Festсо финале на 19 и 20 декември

Традиционално,трета година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK, го организира најочекуваниот е-спортнастан во земјата – А1 Game Fest, оваа година на 19 и 20 декември во онлајн издание.

Програматаза двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен онлајн викенд за гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите оние кои уживаат во гејмингот. Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите League of Legends, Fortnite, Tekken 7, Fifa21 како и забавниот Cosplay натпревар.

Пријавувањата за игрите започнува на 10 декември, а почеток на квалификациските натпревари е закажан за 12 декември. Финалето на настанот ќе се оддржи на 19 и 20 декември, кога сите љубители ќе имаат можност да го следат највозбудливиот дел на годинешнотогејминг доживување.

Оваа година квалификациите ќе се одржат ONLINE, додека пак финалните натпревари на најдобрите тимови и играчи ќе се одвиваат во живо, без публика под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директенпренос може да се следина Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

Со уште побогат фонд на парични награди, многу изненадувања и подароци за онлајн публиката, ова издание е чекор поблиску до светските е-спорт настани.За детали околу  пријавувањето, учество воквалификациите, начинот на гласање како и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте наA1 Game Fest | Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

  Македонскиот стартап Trident Peak се пласираше меѓу 8те најдобри стартапи од целиот свет на Светскиот     инвестициски форум на бизнис ангели

На овогодинешниот Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) , TRIDENT PEAK – стартап од …