Каква зима не’ очекува и какви ќе бидат температурите според УХМР

Зимата 2020/2021 се очекува да биде со натпросечни темератури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози.
Како што соопшти УХМР, во однос на врнежите кои ќе бидат во рамки на просекот од периодот 1981 – 2010 година, мала е веројатноста за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и за мало подпросечно отстапување во западниот дел. Во декември, особено во првата половина, температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој месец. Во втората половина се очекува мало заладување, но сепак температурите ќе бидат над просечните за овој дел од годината. Врнежите се очекува да бидат во рамки на просечни вредности, со незначителна веројатност за малку над просекот во втората декада од месецот.

-Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат на пораст на температурите на воздухот и на поголемиот дел од Европскиот континент и на температурите на воздухот во Северна Македонија. Температурите на воздухот во Северна Македонија за период декември 2020 – јануари 2021 – февруари 2021 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од 1 до 3 степени целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија, наведува УХМР.

Просечната температура за зимата (декември – јануари – февруари) 1981-2010 г. се движи од -1,5 степен целсиусов во Маврово до 5 во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри во Лазарополе. Просечната температура за Скопје е два степена, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

-Напоменуваме дека сезонскиот изглед на времето не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски неприлики (зимски олуи, екстремно студени периоди, екстремно влажни). За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, се наведува во соопштението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со …