Италијанец, после кавга со сопругата, пешачел 400. километри

Доста чудна вест ни пристигнува од Италија – полицијата таму пресретнала маж кој одел 400 километри за да си ја расчисти главата по расправијата со неговата сопруга.
Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија.
Тој бил уморен и му било ладно, изјавил полицаецот Антонио Скванци.
Тој о рекол на полицијата дека се скарал со својата сопруга и дека го напуштил заедничкиот дом во северната провинција Комо на 22. ноември. Прво со воз се упатил кон Милано, а потоа започнал да оди. Неговата цел била Апулија на југот на земјата.
Фано, каде што бил запрен, се наоѓа на 379 километри од главната железничка станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79. часа пешачење без запирање.
Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга, која дошла да го „земе“.
Скванци ги демантирал извештаите во медиумите, според кои полицијата му напишала казна затоа што тој го нарушил националниот полициски час од 22. до 5. часот наутро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …