Градоначалникот Шилегов на средба со медалистот на Европското првенство – 100.000 ДЕНАРИ НАГРАДА ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА МЛАДИОТ БОКСЕР АРДИЈАН АЗЕМИ

Младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје.

По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.

Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве 6 години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување.

Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година  40.000 денари за активностите на клубот.

 

 

Со почит,

Град Скопје

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Tutosport: Ако Мбапе оди во Реал, Кристијано ќе заминево Париз

Според торински Тутоспорт, Кристијано Роналдо е на излезната врата од Јувентус, а ваквиот трансфер е …