(ВИДЕО+ФОТО) Мистеријата продолжува: Уште еден „вонземски монолит“

Откако се појави еден мистериозен монолит, а потоа исчезна во американската држава Јута, а потоа друг се појави во Романија, мистеријата продолжува со новиот монолит што се појави во Калифорнија.
„Гардијан“ објави дека нов мистериозен метален монолит се појавил во Калифорнија само една недела откако беше пронајден сличен сребрен столб во пустините на Јута, пред да исчезне.
Локалните медиуми во малиот град Атаскадер на брегот на Калифорнија објавија дека монолитот на врвот на планината веќе бил посетен од десетици локални жители и објавиле фотографии на социјалните мрежи. Весникот „Атаскадеро њуз“ објавил дека „тространиот обелиск, се чини, е направен од нерѓосувачки челик“.

За разлика од монолитот во Јута, кој беше добро навлезен во карпите, како што објавија локалните медиуми, овој е разнишан и веројатно е можно да се сруши.

Во средината на ноември, длабоко во недостапен црвеникав пејзаж, сличен на Марс, во американската држава Јута, се појави мистерија: сјаен сребрен метален столб – монолит. Беше измерено дека тространиот предмет од не’рѓосувачки челик е висок нешто помалку од четири метри и беше утврдено дека е цврсто закопан во земјата, но нема траги од копање.
Не се откриени траги што би фрлиле светлина на тоа кој и како можел да го донесе и да го забие во карпестата земја или зошто го сторил тоа.

Монолитот, кој потсетува на изгледот и позицијата на црниот, „вонземски“ од филмот на Стенли Кјубрик „2001 година: Одисеја во вселената“, исчезнал како што се појавил минатата сабота – без трага, додека се шпекулирало дека тоа е дело на некој од минималистичките скулптори, а за тоа нема потврда ниту денес.
Не требаше долго за да се покренат теории на заговор, па бидејќи нема потврда дека авторот е уметник, главната „претпоставка“ во јавноста е дека тие се „вонземјани“, со многу „теории“ и шеги.
Ваквите теории беа зајакнати кога од Федералното биро за управување со земјиштето на САД во саботата рекле дека монолитот одеднаш исчезнал а на местото каде што бил, внимателно биле наредени куп камења, „како во знак на сеќавање“.
„Теорија на вонземјани“ е толку популарна што Си-Ен-Ен дури објави наслов: „Монолитот во Јута веројатно не е дело на вонземјани“.

Во меѓувреме, се појави уште еден монолит во Романија, северозападно од Букурешт, на ридот Баткас Доамнеи, „свртен кон“ планината Чалеу, едно од „седумте чуда на природата“ на Романија, кое долго време се нарекуваше „Света планина“.
Британски Дејли Меил објави дека монолитот бил симболично поставен недалеку од темелите на праисториската тврдина Петродава, изградена од предците на Романците – античките Дакијци, народ со невообичаени верувања и сурови ритуали, сè уште обвиткан со митови.
За разлика од претходниот, во Јута, кој бил светло сив, мазен и сјаен, онаа во Романија е темен и врежан, со кружни „ознаки“, но неговата висина е иста – 13 стапки или нешто помалку од четири метри. Дури и’ во Романија не се знае ништо за авторот на тамошниот монолит и кој и кога го поставил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …