(ФОТО) 10. куќи на руски архитект поради кои ќе посакате да го напуштите градот

Рускиот архитект Алекс Неровнја и неговиот тим засега прават проекти што се само феноменални идеи во 3Д формат. Неговите куќи сместени во природата го направија вистинска sвезда на социјалните мрежи за време на пандемијата.
Неровнја вели дека неговиот стил може да се нарече „гол минимализам“. Тој го добил звањето архитект пред само неколку години и сега има пет колеги во својата канцеларија со кои создава архитектонска 3Д магија.
„Сакам да користам архитектура во интеракција со природната средина. Користејќи стаклени sидови, можеме визуелно да ја отстраниме бариерата помеѓу надворешноста и внатрешноста. Еден од најдобрите ефекти на овој пристап е тоа што во текот на денот атмосферата и расположението на ентериерот драстично се менуваат благодарение на огромната улога на природна светлина што продира низ стаклото“, рекол Неровнја
Тој во моментов спроведува неколку проекти – во Обединетите Арапски Емирати, Луксембург, Оман и Романија. Станува збор за приватни куќи, мала туристичка оаза што ќе биде достапна преку Airbnb и одморалиште со пет вили.
Погледнете ги делата на Алекс Неровнја и неговиот тим што можат да ве инспирираат доколку имате желба и можност да направите свое парче рај во природата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Nerovnya (@alex_nerovnya)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Nerovnya (@alex_nerovnya)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Nerovnya (@alex_nerovnya)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Nerovnya (@alex_nerovnya)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Nerovnya (@alex_nerovnya)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …