(ФОТО) Бившата хрватска претседателка добила улога во хит серија на ТВ Нова

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ќе се обиде и како актерка, бидејќи била поканета да гостува во популарната хумористична серија „Дар мар“, што се прикажува во Хрватска.
Поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден. Како што дознава „Јутарњи лист“, таа ќе игра во серијата „Дар мар“, што се прикажува на Нова ТВ.
Колинда добила камео улога, а снимањето успешно го завршила. Наводно, таа одлично се снашла на снимањето и добро се забавувала, а епизодата во која глуми ќе биде прикажана во јануари.

„Одлично се забавував на снимањето, затоа се согласив на улогата“, изјавила поранешната хрватска претседателка Грабар Китаровиќ за „Јутарњи лист“.
Да потсетиме, Колинда ја поддржала претставата „Претседателот/ката (Претпоследна вечера)“ на Тарик Филиповиќ и Борис Свртан, во режија на Филиповиќ, која било свечено изведена кон средината на октомври. Имено, таа била еден од главните ликови во неа, а ја играла актерката Орнела Виштица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ornela Vistica (@ornelavistica)

Поради подготовките за оваа улога, актерката се дружела со поранешната претседателка, со цел да биде што поубедлива на сцената. Таа ги проучувала нејзините движења, говорот, бојата на гласот, специфичната должина и акцентот на реченицата гледајќи видеа, фотографии и стари Дневници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …