Пар добил син со помош на ембрион кој бил заледен цели 20. години

Пред дваесет години, Крис и Емили Барнс сè уште не размислуваа да имаат заедно деца, но клетките што еден ден ќе станат нивен син веќе растеле.
Имено, по две години борба против неплодност, парот од Кентаки се свртел кон „посвојување ембрион“. Тоа е процес што им овозможува на паровите да усвојат ембриони – оплодени јајца – кои немаат биолошка врска со нив. Честопати, овие ембриони се создаваат и замрзнуваат за време на процесот на ин витро оплодување на други парови и подоцна се донираат на луѓе кои не можат да создадат свој ембрион.
„Тоа е единствената форма на посвојување каде што можете да го носите вашето посвоено бебе“, изјавила Емили Барнс за ABC News.
Инаку, кога ембрионите се замрзнуваат и се чуваат во течен азот, тие не стареат. Па така, иако синот на оваа двојка, Елис, има само дваесет месеци, на некој начин, неговиот живот започнал пред повеќе од дваесет години, нешто за што мајка му размислувала од време на време.
„Размислував многу пати за тоа како тој беше замрзнат за дваесет години, а сега тој трча низ нашата дневна соба. Тој само седеше таму во замрзнувачот и чекаше некој да го нарече свој, а сега тој е нашето совршено мало дете”, рекла Барнс.
Исто така, оваа мајка истакнала дека ќе биде искрена со својот син кога ќе му каже за неговата концепција и биологија, како и за времето што му требало да го најде своето семејство, пишува Инсајдер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …