Ова е приказната зад потресната фотографија на прегратката на лекар и дедо со ковид

Фотографија на лекар во заштитно одело и ракавици кој, без прекин, работи 256. дена и гушка постар пациент на Денот на благодарноста, се прошири на социјалните мрежи како симбол на очајот на луѓето кои страдаат од ковид 19 и медицинскиот персонал кој се грижи за нив.
Снимката од прегратката на пациентот и лекарот, е направено минатата недела на денот кога американските семејства традиционално се собираат на празничната трпеза, во болницата „Јунајтед меморијал“ во Хјустон, Тексас, а авторот е фотограф од агенцијата „Гети“.
„Бев во ковид одделот и гледам постар пациент како станува од кревет, плаче и се обидува да замине“, изјавил за Си-ен-ен д-р Џозеф Варон, управник за интензивна нега во Јунајтед Меморијал.
„Дојдов до него и го прашав’Зошто плачеш?’А тој одговори: ‘Сакам да бидам дома со сопругата’. Тогаш го прегрнав“, рекол докторот, кој не знаел дека го снимаат.
„Плачеше и се смири по неколку моменти“, додал д-р Варон, објаснувајќи дека во тоа време се чувствувал исто како и пациентот, „неутешно како и тој“.


„Хоспитализацијата за луѓето со ковид е тешка, уште повеќе за постарите лица кои се чувствуваат многу осамено“, рекол лекарот и додал дека пациентот наскоро ќе ја напушти болницата.
Д-р Варон му пружил утеха на пациентот во неговото одделение, во моментот кога тој го работел својот 256-ти ден по ред, без ниту еден ден одмор.
Тој рекол дека е „револтиран“ од однесувањето на Тексашаните кои не ги почитуваат мерките за заштита. Тексас стана првата американска држава што ја премина границата од милион позитивни случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата во ноември, со повеќе од 21.800 смртни случаи.
„Работам секој ден и гледам дека луѓето прават се што не треба – одат во барови, ресторани, трговски центри, што било друго. Луѓето не слушаат и завршуваат на мојата единица за интензивна нега. Тие треба да знаат дека не сакам да ги гушкам“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …