IN MEMORIAM – Почина Енвер Малиќи, бизнисмен и заменик-градоначалник на Скопје

Тој починал утринава од компликации со коронавирусот во „Систина“ откако претходно бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Малиќи на локалните избори беше избран како советник од ДУИ во Град Скопје, а градскиот татко Шилегов во 2017-та година го именуваше за заменик-градоначалник.

Тој беше еден од најбогатите стопанственици во нашата држава и сопственик на компанијата Гемак Трејд која во моментот е една од најголемите дистрибутерски куќи во земјата и работи со неколку познати светски брендови. Компанијата ги вклучуваше компаниите „Gekos group“ во Косово, резиденцијалниот комплекс „Парк Резиденс“ како и хоспиталити групацијата “Parkland Hospitality Group” на која припаѓаат веќе добро познатиот и реномиран хотел „Парк Хотел и Спа“ како и најновиот член на семејството „Next Door Park“ хотел.
Во 2010 година Гемак Трејд е прогласена за најуспешна компанија во северозападна Македонија со вкупен промет од речиси 3 милијарди денари.
Го поседуваше и луксузниот Парк Хотел и Спа, кој се наоѓа на кејот на Вардар, а вкупната инвестиција го чинеше околу 15 милиони евра.


Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи беше официјално именуван за почесен конзул на Мексико во Македонија од претседателот на Обединетите Мексикански Држави.
„Mојата улога како почесен конзул на економски гигант како Мексико во Македонија мислам дека ќе помогне Македонија да се постави на мапата на поголемите пазари. Бидејќи главната амбасада на Мексико е со седиште во Белград и ги покрива Србија, Босна, Црна Гора, Косово и Македонија се надевам дека ќе постигнеме да бидеме поприсутни на овој голем пазар, а со тоа ќе го зголемиме и извозот од Македонија“ – изјави тогаш г-динот Енвер Малиќи почесен конзул на Мексико во Македонија.
Тој починал утринава од компликации со коронавирусот во „Систина“ откако претходно бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Енергетската ефикасност и заштитата на животната средина – приоритети во работењето на Општина Центар

Општина Центарво изминатите години активно работи на зголемување на енергетската ефикасност, истовремено водејќи сметка за …